Еве како правилно да носите заштитна маска ако имате брада

Заштитната маска е една од главните алатки за борба против ширењето на епидемијата на коронавирус, но луѓето кои имаат брада треба да обрнат посебно внимание на неколку работи за да биде маската ефикасна.

Ако лицето има брада, маската може да пропушти одредена количина честички кои се излачуваат преку устата и носот. Покрај тоа, маската може да не им „легне“ надобро на луѓето со брада, така што тие постојано да ја прилагодуваат, што не се препорачува.

Најдобрата опција е да ја избричите брадата, но ова е лична одлука на секоја индивидуа, па доколку не сакате да ја бричите брадата, можете да преземете некои мерки на претпазливост за да се заштитите од коронавирусот.

Скратете ја брадата

Ако не сакате да ја избричите брадата целосно, можете само да ја скратите. Целта е да се намали брадата до таква големина што маската може да ја покрие. Центрите за контрола и превенција на болести (CDC) објавија инфографик кој покажува кои стилови на брада се најдобри за маската ефикасно да ве заштити и кои стилови сепак треба да се избегнуваат за време на пандемија. Се препорачуваат пократки стилови бидејќи во тој случај маската може соодветно да ги покрие устата и носот.

Поголема маска

Ако не работите во околина што се смета за ризична, односно не сте изложени на можност за инфекција на дневна основа, не е потребно целосно да ја бричите брадата, но доволно е да најдете поголема маска. Маската во овој случај треба да биде во контакт со кожата, а не со брадата. Можете да изберете варијанта на маската што ја покрива областа од уво до уво.

„Сè додека носот и устата се цврсто покриени со маска, луѓето со брада не претставуваат поголем ризик за оние околу нив“, истакнува д-р Моника Ганди, професор и специјалист за заразни болести на Универзитетот во Сан Франциско.

Избегнувајте маски со врвки

Ако носите маска со врвки што се поставени зад ушите, брадата може да ја придвижи маската, така што на моменти може да ги покрие и очите. Постојаното движење на маската секако е иритирачко, затоа се препорачуваат маски чии врвки можат да се врзат на задниот дел од главата и вратот. Така полесно ќе ја ставите маската и полесно ќе ја прилагодите, а маската нема да се движи така лесно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e