Бикчето нема можност за отстранување на корените на влакната како депилацијата, па следниот ден повторно ќе ги почувствувате, а кај некои влакната дури се и видливи.
Естетскиот недостаток кој овој метод го носи со себе се многу непривлечните црни точки кои се гледаат дури и кога кожата е мазна на допир. Сепак, постојат неколку чекори кои треба да ги следите за тие да не бидат видливи.
1. Избегнувајте утринско бричење
Кожата се загрева преку спиењето и влакната се повлекуваат во своите фоликули, па невозможно е да ги отстраните од корен. Оставете го бричењето за вечерното туширање.
2. Најпрво отворете ги порите
Туширајте се десетина минути со топла вода, за да ви се отворат порите и да омекнат влакната.
3. Направете пилинг
Со овој потег ќе го отстраните слојот со мртва кожа и ќе се ослободите од пораснатите влакна.
4. Користете производи наменети за бричење
Иако многу жени сакаат да заштедат на пена или гел за бричење, сметајќи дека сапунот или гелот за туширање се соодветна замена, тоа за жал не е точно. Пената и гелот за бричење помагаат бричот полесно да помине низ кожата, спречуваат иритација и ги омекнуваат влакната.
5. Хидрирајте ја кожата после бричење
Туширањето завршете го со ладна вода, за порите да се затворат, а после лесното бришење, со раце намачкајте се со хидратантна крема или масло, за на кожата да ѝ ја дадете потребната хидратација.