Есенска детоксикација на телото: Сокот од лимон го чисти лимфниот систем

Прочистувањето на лимфниот систем се спроведува два пати годишно: наесен и напролет

Лимфниот систем е важен дел од имунолошкиот систем. Неговата функција е да го заштити телото од вируси и бактерии. Тие се неутрализираат во лимфните јазли и така се спречува нивното навлегување во крвни садови.

Кога лимфниот систем е во добра форма, целото тело работи како часовник. Меѓутоа, поради специфичната функција, лимфниот систем е склон кон насобирање токсини, па потребно е одвреме-навреме да се направи негова детоксикација.

Тоа особено им годи на луѓето со респираторни, кардиоваскуларни и бубрежни проблеми, како и на луѓето со синдром на хроничен умор.

Детоксикација на лимфниот систем
Портокалите, грејпфрутот и лимонот се задолжени за прочистување на лимфите. Овие плодови се богати со витамини и овошни киселини кои совршено ги чистат лимфите. Поради тоа, во случај на настинка или грип се препорачува обилно консумирање на ова овошје што го подобрува имунитетот.

Прочистување на лимфниот систем со Волкеров метод
Лимоновиот сок мора да биде чист, без додаток на вода или шеќер. Се пие со сламка за да не се оштети забниот глеѓ половина час пред оброкот или еден час по јадење. Потоа, измијте ја устата со вода во која сте додале лажичка сода бикарбона. Тоа ќе ја неутрализира киселината во устата. За да спроведете чистење на лимфите со лимонов сок, ќе ви требаат 200 лимони.

За 12 дена ќе треба да искористите околу 201 лимон.

Прв ден – користете 5 лимони.
Втор ден – 10.
Трет ден – 15.
Четврти ден – 20.
Петти ден – 25.
Шести ден – 25.
Седми ден – 25.
Осми ден – 25.
Деветти ден – 20.
Десетти ден – 15.
Единаесетти ден – 10.
Дванаесетти ден – 6 лимони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e