Едноставни и вкусни мафини со чоколадо и вишни

Едноставен рецепт за совршен десерт со вишни и чоколадо.

Потребни состојки:

-2 јајца

-200 мл јогурт

-160 мл масло

-1 чаша од 180 мл шеќер

-2 чаши од 180 мл брашно

-2 пакетчиња ванилин шеќер

-1 прашок за пециво

-100 г чоколадо за готвење

-300 г вишни

Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилин шеќерот, па полека додадете ги јогуртот и маслото. Брашното измешајте го со прашокот за пециво, па соединете со изматената смеса.

Чоколадото за готвење исечете го на коцки, па додадете го во смесата. Потоа додадете и 2/3 од вишните, претходно исцедени од сокот и посипени со лажица шеќер.

Смесата ставете ја во калапи, на секој мафин пред печење втиснете неколку вишни. Печете околу 20 минути на 200 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e