Едноставна техника за смирување со помош на дишењето

Во стресни ситуации, кои во овие денови се чини дека се доста чести, лесно може да не обземе паника. Тоа неконтролирано чувство на страв го следат и разни физички симптоми како брзо чукање на срцето, недостаток на воздух, вртоглавица, мачнини и многу други нешта.

Паниката најлесно и најбрзо ќе ја смирите со помош на – дишење.

Физичките симптоми често се резултат на фактот дека поради стравот едноставно забораваме да вдишеме воздух кој притоа се собира во горниот дел од дишниот систем и го спречува нормалното дишење.

Постои едноставна техника која може да ви помогне да го регулирате дишењето и да го вратите во нормала и притоа да се смирите за време на стресни ситуации.

-Во себе бројте до 5 со лесно темпо и притоа длабоко земајте воздух.
-Кога ќе изброите до 5, задржете го воздухот во себе и бројте до 4.
-Потоа полека низ носот испуштете го воздухот и во себе бројте до 5.

Оваа техника се користи за смирување при напад на паника и анксиозност, но помага и во ситуации кога чувствувате голема напнатост и стрес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e