Овој тест открива каква е состојбата со вашето срце, односно колку тоа е здраво.
Станува збор за едноставен тест кој што се прави со ладна вода и може да си го пробате дома.
Сè што треба да направите е да наполните некој сад со ладна вода (додадете и малку мраз), а големината на садот нека биде доволна за да ви ги собере и двете дланки. Потоа ставете ги дланките во водата и држете ги 30 секунди.
Можни сценарија:
1. Прстите ви поцрвенеа
Тоа е добар знак затоа што црвените прсти покажуваат дека веројатно немате никаков проблем со кислородот во крвта и дека срцето и крвотокот ви се здрави.
2. Прстите се бледи
Тоа открива потенцијални проблеми со вашата циркулација во телото и можно е да имате ниско ниво на кислород во крвта. Во тој случај по правењето на тестот загрејте ги вашите прсти или пак масирајте ги за да ја подобрите вашата циркулација и да ви се врати нормалната боја.