Едноставен рецепт за крцкав чипс од тиквички

Ако сте љубители на чипс, овој едноставен рецепт за крцкав чипс од тиквички е здрав и брз за подготовка.

Потребни состојки:

-2 тиквички

-маслиново масло

-сол

Начин на подготовка:

Излупете ги тиквичките, убаво измијте ги и исечете ги на тенки кругови. Подгответе два плеха обложени со хартија за печење, наредете ги исечените кругови и внимавајте да не се преклопуваат.

Секој круг премачкајте го со маслиново масло од долната и од горната страна, па посолете.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени и печете околу 45 минути до еден час, додека не добијат златножолта боја и станат крцкави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e