Можеби е вашата омилена напивка и не можете да си го замислите утрото без кафе, но доколку се сомневате дека пиете повеќе кафе отколку што треба, проверете кои се негативните последици од прекумерното консумирање на кофеин.
Нервозни сте
Кофеинот може да активира некои хормони како адреналинот кој го елиминира чувството на умор, но може да предизвика и нервоза.
Несоница
Доколку имате проблеми да заспиете, намалете со кафето. Кофеинот циркулира во вашето тело дури и по неколку часа откако ќе испиете кафе, па затоа влијае и на квалитетот на сонот. Пред спиете најдобро е да испиете шолја чај од камилица за да имате мирен сон.
Болки во стомакот
Прекумерната количина на кофеин може да предизвика мачнина, нервоза и дијареја.
Кофеинот може да поттикне почесто уринирање бидејќи е слаб диуретик.
Мачнина
Високото ниво на киселини во кафето може да предизвика мачнина и проблеми со дигестивниот систем односно со варењето на храната. Намалете го бројот на кафиња во денот, па ќе забележите промени во организмот.
Кофеинот го забрзува пулсот, па поради тоа луѓето коишто имаат висок крвен притисок не треба да пијат кафе.