Зачините се клучни за вкусни рецепти и му даваат подобар вкус на јадењето.
Истите протеини, житарки и зеленчук подготвени со различни зачини ќе имаат сосема поинаков вкус.
Зачините имаат различни придобивки за вашето здравје. Зошто ни се потребни зачините што најчесто ги користиме?
Цимет
Бројни студии докажааа дека циметот го намалува шеќерот во крвта. Циметот е одличен антиоксиданс, а помага и при слабеење.
Куркума
Куркумата е одличен зачин кој на секој оброк му дава богат и егзотичен вкус, но исто така има позитивно влијание за вашето здравје.
Куркуминот е вид на антиоксидант кој има противвоспалително дејство, а неколку студии потврдија дека ја намалува болката во зглобовите.
Ѓумбир
Одличен е за дигестивниот систем, помага за чистење на белите дробови и детоксикација на телото, го зајакнува имунитетот. Исто така, го чисти лицето од акни, го забрзува метаболизмот и помага при слабеење.
Може да помогне при ублажување на мачнина и повраќање, особено во текот на бременоста и при хемотерапија. Консумирањето на ѓумбир ги ублажува и болките при реума.
Чили
Колку пиперката е полута, толку повеќе содржи капсаицин. Чили пиперката содржи и изненадувачки количини на витамини и минерали, витамин А, витамин Е, Б6.