Домашен рецепт за намалување на маснотиите во крвта

Ви пренесуваме рецепт како на природен начин да го намалите нивото на покачени триглицериди.

Потребни состојки:

400 g. целер
1 kg лимон
2 l вода
Начин на приготовка:

Добро измиен лимон се сецка на тенки парчиња и се става во 2 литри вода. Потоа садот во кој што сме го ставиле лимонот и водата го ставаме на оган. Целерот се сече и се става во водата заедно со лимонот, и се остава на силен оган околу 20 минути. Откако ќе поминат 20 минути, садот се трга од оганот и се остава да се олади најмалку 6 часа, најдобро преку ноќ. После 6 часа стоење смесата се цеди преку ситна цедалка. Откако ќе се приготви, може да го конзумираме.

Начинот на конзумирање е 100мл пред јадење, најдобро трипати на ден. Преостанатата количина додека да се употреби се чува на темно и ладно место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e