Домашен природен сируп против кашлица

Со студените денови, доаѓа времето на настинки. Еден од најчестите несакани ефекти на настинката е кашлица. Сите го знаеме тоа чувство кога започнува напад на кашлица и се чини дека нема крај.

Ако не можете да одите во аптека или едноставно сте поддржувач на природната медицина и домашната аптека, еве еден рецепт за моќен лек против кашлица.

Главната состојка е медот, кој одамна е познат по многубројните корисни ефекти. Во овој рецепт, неговата текстура е она што го смирува иритираното грло, а неговите ензими со антибактериски својства го прават природен лек за кашлица. Заедно со неколку помоќни состојки познати по своите антибактериски својства, пред нас е моќен пијалок.

Внимавајте, овој пијалок е силен и не се препорачува за деца и возрасни кои имаат проблем со некои од состојките.

Рецепт за сируп од кашлица

Потребни состојки:

мед

јаболков оцет

сок од лимон

ѓумбир

црвен пипер

вода

Одредете според ваш вкус колку состојки ќе ставите, секако половина од целата маса треба да биде мед.

Подготовката е едноставна. Ставете ги сите состојки во тегла, измешајте ги добро и сирупот е подготвен.

Користете една лажичка на секои неколку часа во случај на посилна кашлица или две – три дневно во случај на поблага кашлица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e