Силниот имунитет е многу важен за заштита на телото од вируси и разни болести. Доволниот внес на витамини поволно дејствува на целиот организам и може значително да го зајакне имунолошкиот систем.
Нутриционистите советуваат тие да се внесуваат преку храна или напитоци, а ако не може на тој начин да се задоволи препорачаната дневна доза, тогаш треба да се земаат суплементи.
Денеска ви претставуваме рецепт за домашен напиток кој ја враќа енергијата и поволно делува врз имунолошкиот систем:
Потребни состојки:
– 1 шолја врела (незовриена) вода
– 1 цм. свеж, изрендан ѓумбир
– сок од половина лимон
– половина лажиче црн бибер
– половина лажиче цимет
– половина лажиче каранфилче
– половина лажиче куркума
– 1 лажица мед
Приготвување и примена:
Измешајте ги сите состојки и оставете ги да отстојат неколку минути. Потоа, процедете и пијте по малку во текот на денот.
Еве како состојките делуваат врз организмот и зошто се добри за него:
Лимон
Лимонот е полн со нутриенти – содржи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган. Делува врз здравјето на целиот организам и со причина го нарекуваат суперхрана.
Ѓумбир
Ѓумбирот е богат со етерични масла, калиум, манган, бакар, магнезиум и витамин Б, а во комбинација со мед и лимон му дава на организмот вистинска „нутритивна бомба“.
Цимет
Овој зачин е значаен извор на витамини и минерали. Содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, како и диететски влакна.
Куркума
Куркуминот, главната состојка на овој зачин, поседува силно антиоксидативно, антивоспалително, антивирусно, антибактериско, антимикотичко и антиканцерогено дејство. Неодамна објавената студија во магазинот „Molecular Nutrition & Food Research“ укажува дека и дијабетичарите имаат голема корист од овој зачин.