Досадните главоболки можат да бидат причина за разни проблеми, но и индикатори за замор, стрес и други работи. Веројатно е дека секој од нас во одреден момент се обидел со домашните бабини рецепти да ги излечи или барем малку да ги ублажи симптомите на главоболката.
Ако се борите со главоболки, обидете се да си помогнете со овој едноставен мелем.
Состојки:
1/4 чаша кокосово масло
20 капки есенцијално масло од слатко нане
12 капки есенцијално масло од лаванда
10 капки есенцијално масло од темјан
Подготовка:
1. Истурете го кокосово масло во сад и ставете го на пареа, па мешајте додека не се раствори целосно.
2. Кога маслото ќе стане течно, тргнете го садот од оган и додадете ги миризливите есенцијални масла.
3. Истурете ја смесата во сад од некоја крема и оставете да се излади најмалку еден час.
4. Да се чува на собна температура.
Нанесете го маслото на задниот дел на вратот и зад ушите, бидејќи тоа се областите каде мелемот брзо се апсорбира и ги ослободува мускулите од болка.