Домашен колач со јаболки: Совршен мирис кој ве враќа во детството!

Ви предлагаме еден брз, а вкусен рецепт, совршен за есенските денови:

Состојки:

– 3 јајца
– 12 лажички шеќер
– 12 лажички млеко
– 12 лажички масло
– 15 лажички брашно
– 1 лажичка прашок за пециво
– 1кг. кисели јабоки
– 5 лажички шеќер (2 лажици гриз)
– 1 лажичка цимет

Подготовка:

Вклучете го шпоретот да се загрее на 200 степени. Изматете ги јајцата со шеќерот. Додаддете млеко и масло, па повторно промешајте. На крајот додадете ги брашното и прашакот за пециво и сетот тоа изматете го заедно.

Во тава со димензии 20×30 или 23x33cm, истурете малку масло, па размачкајте со четка, потоа истурете малку од брашното и распоредете насекаде на тепсијата. Или ставете хартија за готвење.

Истурете малку повеќе од половина смеса, па ставете во рерна да се запече и фати кора, околу 15 минути со намалување на температурата на 180 степени.

Додека бисквитот се пече, исчистете ги и изрендајте ги јаболките, па додадете шеќер и кратко, околу 5 минути варете ги на оган. На крајот додадете ги гризот и циметот и сè добро измешајте.

Кога ќе фати кора, преку бисквитот го ставаме целиот фил и рамномерно распоредуваме. Преку филот го истураме остатаокот од смесата за колачот и го враќаме да се допече.

Печете уште околу 20 минути на 180 степени. Печениот колач изладете го, исечете го во коцки, по желба додадете шеќер во прав и послужете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e