Главната состојка која се користи за подготовка на овој рецепт е компирот кој се смета за едно од важните растенија со кои Европа го решила проблемот со гладот.
Потребни состојки:
– половина килограм компир;
– масло за јадење;
– 1,5 лажици оцет.
Начин на подготовка:
Прво треба да ги излупите компирите и да ги исечете на тенки парчиња. Потоа неопходно е да ги потопите во вода во која сте го ставиле оцетот. Оставете го компирот да отстои еден час, а потоа додадете вода, но во неа не додавајте оцет.
Оставете ги компирите да отстојат уште еден час, а потоа исцедете ги компирите и ставете ги на крпа за да се исушат добро.
Загрејте го оцетот и пржете ги компирите, но не ставајте ја цела количина одеднаш. Пржете неколку минути додека не заруменат.