Доколку спаѓате во овие групи на луѓе, не треба да пиете повеќе од една шолја кафе дневно

Кафето за многумина е омилен напиток, па иако е докажано дека може да биде корисно во поголем дел од случаите, постојат одредени лица кои треба да внимаваат во пиењето на овој напиток.

Доколку спаѓате во некоја од овие групи на луѓе, консумирањето кафе би можело да има негативни последици врз вас.

1. Лица кои патат од воспаление на цревата

„Кофеинот може да го забрза варењето на храната, а исто така може да ја зголеми шансата да добиете дијареја која е еден од главните симптоми на воспаление на цревата“, појаснила нутриционистката Ангела Планелс.

2. Лицата кои патат од болести на срцето

Кофеинот може да предизвика моментален пораст на крвниот притисок и да ја забрза работата на срцето, важно е секоја личност која во минатото имала проблеми со срцето да внимава и да разговара со доктор доколку сака да испие кафе“, нагласила Кели Мекгрејн, нутриционистка.

3. Трудници

„Американското здружение на гинеколози советува трудниците да не пијат повеќе од 2 шолји кафе во денот за да го намалат ризикот од спонтан абортус и прерано породување. Сепак, студија објавена минатата година вели дека не постои сигурна количина на кафе за трудници и дека секоја трудница треба да разговара со својот гинеколог за тоа“, наведува Хеикинен.

4. Доилки

„Поради тоа што кофеинот е диуретик, можно е мајките кои дојат да патат од дехидратација како последица на преголемо консумирање кафе“.

5. Лица со нарушено спиење

„Јасно е дека по непроспиените ноќи прво ќе посегнете по шолја кафе, но токму таа навика може да ве води кон затворениот круг на неспиење и дневен умор. Дури и доколку мислите дека попладневното кафе не го нарушува вашиот сон“, наведува Хеикинен.

6. Лицата кои патат од анксиозност и панични напади

„Кофеинот е стимуланс којшто може да ја влоши анксиозноста, а доколку често патите од истата, размислете за тоа да го намалите внесувањето на кофеинот“, вели Мекгрејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e