Високиот крвен притисок може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Хипертензијата може да биде тивок убиец – се проценува дека ширум светот од висок крвен притисок страдаат 1 милијарда луѓе.
Секој десетти човек има проблеми со висок притисок, па затоа е важно да знаете како да се справите и да си помогнете.
Исхраната е клучна за намалување на високиот крвен притисок. Прво што треба да направите е да го намалите внесот на солта во организмот. Треба да внесувате храна која е богата со калиум, магнезиум и растителни влакна.
Лекарите велат дека овие намирници треба да ги консумирате редовно доколку имате проблеми со висок притисок. Се разбира, може да ги консумирате и ако сте здрави но сакате да го намалите ризикот од кардиоваскуларни заболувања.
Овошје
Јадете јаболка, банани, грозје, манго, портокали, ананас, мандарини. Консумирајте и сок од калинки – доволно е само една шолја дневно за да го намалите притисокот.
Лосос
Омега-3 масните киселини се здрави масти кои му се потребни на вашето тело за да функционира правилно. Омега-3 масните киселени го намалуваат крвниот притисок. Содржат и витамин Д кој го намалува крвниот притисок. Јадете лосос, пастрмка, скуша и туна.
Истражувањата покажаа дека омега 3 масните киселини кои се содржат во лососот го намалуваат високиот крвен притисок.
Цитрусно овошје
Лимонот, портокалот и другото цитрусно овошје е богато со витамини и минерали и помага во намалување на крвниот притисок. Лимонот е полн со флавоноиди, што е уште една причина повеќе зошто треба да го консумирате.
Семки од тиква
Семките од тиква имаат голема количина на хранливи материи кои го контролираат високиот крвен притисок. Содржат магнезиум, калиум и аминокиселини кои се клучни за намалување на притисокот.
Чоколадо
Темното чоколадо е одлична намирница за намалување на крвниот притисок.
Маслиново масло
Користете го маслиновото масло за подготовка на храна. Оваа навика ќе ви овозможи да го намалите крвниот притисок.
Ореви
Оревите содржат калиум, магнезиум и други минерали кои се познати партнери за симнување на крвниот притисок. Не само оревите, туку и бадемите, лененото семе и лешниците исто така се многу добар избор доколку имате проблеми со високиот крвен притисок. Оревите имаат висок процент на омега-3 масни киселини.