Доаѓа „алергиска апокалипса“: Дури и тие што немале алергии се на удар

Климатските промени го полнат воздухот со полен, што е проблем дури и за луѓето кои никогаш немале алергии, а ситацијата само ќе се влошува, пишуваат американските медиуми. Тие веќе се подготвуваат за „алергиска апокалипса“.

Многу луѓе со алегиите се борат секоја пролет, но се чини дека ќе станува се полошо.

„Луѓето кои се борат со сезонски алергии веќе може да ги забележат симптомите на алергијата кои започнуваат порано, траат подолго и се се поинтензивни отколку пред неколку години. Затоа највиновни се климатските промени“, вели Кенет Мендез, извршен директор на Американската фондација за астма и алергија.

Толку е едноставно: сезоната на алергии станува подолга и поинтензивна бидејќи растенијата произведуваат повеќе полен во подолг период. Меѓутоа, проблемот не е само што повисоките температури ја продолжуваат сезоната на цветање на растенијата, туку и самиот јаглерод диоксид го поттикнува производството на полен.

Фондацијата за астма и алергија на Америка цитира неколку студии кои покажаа дека повисоките нивоа на CO2 се директно поврзани со повисоките нивоа на полен. Колку повеќе едното оди нагоре, толку и другото.

„Би помислиле дека ако сте на село и сте опкружени со дрвја или природа, алергиите би биле поинтензивни, но во градовите е всушност полошо“, истакнува Мендез и додава дека „влијанието на климатските промени се зголемува и е многу потопло. Тоа се должи на фактот дека има повеќе загадувачи, повеќе CO2… Сето ова го поттикнува поинтензивното ослободување на полен“.

Во споредба со пред три децении, сезоната на полен во Северна Америка, сега започнува околу 20 дена порано, трае околу осум дена подолго и вклучува 21 отсто повеќе полен, според истражувањето објавено во списанието „PNAS“, пишува „The Atlantic“.

И само ќе се влошува. Климатските промени и зголемувањето на емисиите на јаглерод диоксид се очекува да го поттикнат растот на дрвјата и тревите во многу области, што ќе значи повисоки концентрации на полен.

„Не можете целосно да го избегнете поленот, но постојат начини да ги ублажите симптомите. И можеби ќе треба да ги преземете тие чекори малку порано секоја година“, истакнува Мендез, пренесе Њујорк Тајмс.

Меѓу препорачаните начини за борба против алергиите се адекватните лекови, чистење на синусите, паметно планирање на времето на отворено, начини за намалување на поленот во домот, како и имунотерапија на алергии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e