Детокс-маска за лице со домашни состојки

Многу е важно барем еднаш неделно да се посветуваме на своето лице.

На лицето се гледа сѐ, недостаток на сон, замор, стрес, загаден воздух и сите нездрави навики. Барем еднаш неделно почестете ја вашата кожа со грижата што ја заслужува.

Како што на телото му е потребна детоксикација, таа треба да се направи и со нашето лице. Направете маска која ќе ја врати влажноста и сјајот на лицето, а сите состојки ги имате дома.

СОСТОЈКИ:

Една лажица мелено кафе,
една лажица сурово какао во прав,
две лажици јогурт (или маслиново масло),
една кафена лажичка мед.

ПОДГОТОВКА:

Во помал сад ставете ги сите состојки и измешајте додека не добиете мазна паста. Нанесете на кожата и оставете да делува околу 20 минути. Исплакнете со топла вода и исушете со мека крпа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e