Дали замрзнатата храна ги губи здравите состојки?

Замрзнувањето на храната за зачувување и продолжување на свежината се практикува многу години наназад. На овој начин се пролонгира хранливата вредност на подолг период. Според Организацијата за храна и земјоделство на ООН, кога станува збор за задржувањето на хранливите својства, замрзнувањето како метод за долгорочно зачувување посебно кај овошјето и зеленчукот, генерално се смета за многу подобро во однос на конзервирањето и сушењето (дехидрирањето). Зошто замрзнувањето на храната е подобро и побезбедно?

Свежите производи при контакт со атмосферските влијанија, амбиенталниот воздух и особено при несоодветни услови на чување, многу брзо ги губат своите нутритивни вредности и го започнуваат процесот на расипување. При замрзнувањето на намирниците, што во основа претставува замрзнување на течностите содржани во храната, се зачувуваат сите хранливи состојки, нивната структура и тоа без никакви надворешни влијанија или процес на деградација. На ниска температура не преживуваат ни бактерии ни микроорганизми. Така, замрзнувањето не ја прави храната здрава или нездрава – тоа впрочем зависи од хранливата содржина на самата храна што се замрзнува. Замрзнатото овошје и зеленчук може да имаат подеднакво хранливи материи како и свежите, а само кај некои се менува структурата. Познато е дека брзото замрзнување го продолжува рокот на траење на храната со спречување на растот на микробите и забавување на оксидацијата на липидите. Брзо замрзнатите производи ги имаат истите карактеристики како и свежите.

Така, зеленчукот и месото доколку се замрзнат веднаш и не се изложат на надворешни влијанија, не губат од својот состав, нутритивните карактеристики и хранливата вредност. Свежите намирници како грашокот на пример, губи нешто повеќе од половина од својот витамин Ц во првите 24 до 48 часа по берењето. Една студија на Универзитетот во Калифорнија, споредувајќи ги хранливите материи во осум различни свежи и замрзнати овошја и зеленчуци (пченка, брокула, спанаќ, моркови, грашок, боранија, јагоди и боровинки), не открила значајни разлики помеѓу свежите и замрзнатите. Составот и нутритивниот квалитет на замрзнатите производи се нагласува кога се користат суровини со висок квалитет, добри производствени практики во процесот на зачувување, а производите се чуваат во согласност со препорачаните температури. Кај нас, компанијата Слога Пром, лоцирана во Кавадарци, веќе 30 години го снабдува македонскиот пазар со повеќе од 160 замрзнати производи од месо, риба, помфрит, овошје и зеленчук. За квалитетот на своите производи, велат дека најголемо значење имаат покрај првичниот квалитет на замрзнатите производи уште и високите стандарди при работа и добрата опременост и потребните сертификати. Во Слога Пром погонските капацитети се опремени со ладилници кои гарантираат правилно чување и ракување, според светските регулативи, а исто така, воведени се и најновите европски и светски трендови во декларирањето и означувањето на производите според HACCP и GS1, со цел описот и потеклото на производот да е јасно истакнат како и загарантираноста за квалитетот и хранливите вредности.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e