Со денови однапред размислувате што би можеле да направите како десерт после ручекот и да ги искористите состојките што веќе ги имате дома? Еве го решението!
Антидепресивниот колач е идеално благо ако ви треба брз и лесен десерт што секој може да го направи!
Интересно е што овој колач името го добил токму поради тоа што не бара скапи состојки, туку воглавно сè што веќе имате во кујната, па нема непотреба од грижа за купување, а во исто време го подобрува расположението со подигање на серотонинот – како и секое слатко задоволство.
Состојки:
– 4 цели јајца;
– 2 жолчки;
– 2 лажички екстракт од ванила;
– 270 мл млеко;
– 330 гр брашно;
– 450 гр шеќер;
– прашок за пециво;
– половина лажичка сол;
– 230 гр путер.
Подготовка:
Во еден сад истурете ги брашното, шеќерот, прашокот за пециво и солта, па додајте путер и 230 мл. млеко и сè лесно измешајте со миксер. Мешајте околу две минути.
Измешајте ги јајцата, жолчките, ванилата и остатокот од млекото и изматете ја смесата, а потоа додадете сè во претходната смеса и изматете додека не се соединат. Поделете го тестото во три плехови.
Печете околу половина час, на 180 степени.