Будењето рано го подобрува здравјето и изгледот на кожата, ја подобрува концентрацијата, но влијае и на здравјето на имунолошкиот систем.
Будењето рано може да ви помогне да имате повеќе време за себе. Ќе имате време за вежбање благодарение на ендорфинот кој го подобрува расположението и го намалува стресот и анксиозноста.
Истражувањата покажуваат дека луѓето коишто си легнуваат порано спијат поквалитетно.
Добриот сон ќе ви донесе и подобра концентрација, помали шанси за прекумерна дебелина и други хронични болести.
Недостатокот на сон може да го ослабне вашиот имунолошки систем, што значи дека почесто ќе бидете болни, се зголемува ризикот од висок крвен притисок, дијабетес и кардиоваскуларни заболувања.
Поздрава кожа
Доколку не спиете доволно ќе забележите брчки, бледило или акни. Но, доколку си легнувате порано, ќе имате поздрава кожа. Во текот на спиење се обновуваат клетките на кожата, а зголемениот проток на крвта и колагенот му помагаат на лицето да се опорави.
Подобра концентрација
Вашиот мозок не се буди веднаш откако ќе станете од кревет, па затоа се чувствувате мрзливо откако ќе се разбудите.
Доколку се разбудите рано, ќе бидете поконцентрирани во текот на целиот ден.