Цвеклото е богато со витамини, минерали и растителни влакна, поради што многумина го класифицираат како храна што не треба да се исклучува од исхраната.
Тоа е вистински „еликсир на здравјето“, а нутриционистите особено го препорачуваат во исхраната, за чистење на организмот од токсини и зајакнување на имунитетниот систем.
Ги содржи скоро сите важни минерали – калиум, калциум, фосфор, натриум, магнезиум, железо, бакар, манган, флуор, јод, сулфур, литиум и бром, како и витамини Ц, Б1, Б2 и Б12.
Истражувањата покажаа дека редовната консумација на цвекло спречува губење на минерали од коските и забите, го забавува стареењето и појавата на атеросклероза и ја стимулира работата на цревата.
Благодарение на бетанинот и бетаинот, го подобрува метаболизмот, го регулира крвниот притисок, го намалува нивото на холестерол, ги штити крвните садови и ја стимулира работата на црниот дроб. Бидејќи содржи поголема количина железо и пигментот антоцијанин, што му дава црвена боја, цвеклото е исклучително корисно за лекување на анемија.
Се препорачува и во случај на грип, бронхитис, пневмонија и болести на жолчката и желудникот. И тоа не е сè. Овој лековит зеленчук има корисен ефект врз нервите и функцијата на мозокот.