Чиа семе – одличен извор на протеини, калциум, антиоксиданси и железо

Чиа семето е една од најважните намирници која потекнува од Јужна Америка- суперхрана која е богата со омега-3 масни киселини, антиоксиданси, влакна, калциум, железо и протеини.

Во суперхрана спаѓаат намирници кои имаат висок процент на хранлива вредност, односно имаат голема содржина на фитонутриенти кои помагаат за чување на здравјето и во превенција и лечење на болести. Суперхраната нема магична моќ за да ви помогне во истиот момент, но ако ја консумирате определен временски период и внимавате на исхраната, со сигурност ќе забележите резултати.

Чиа семето се истакнува бидејќи содржи многу витамини и минерали: има повеќе калиум отколку банана, повеќе калциум од кравјо млеко, повеќе железо од спанаќ, повеќе омега-3 од лосос, а содржи и фосфор, цинк, магнезиум, и витамини од Б групата.

Омега-3 масните киселини го чуваат здравјето на мозокот и коските, помагаат при кардиоваскуларни заболувања, рак и автоимуни болести. Чиа семето е одлична храна за мозокот, го подобрува помнењето и помага да се одржи концентрацијата.

Со оглед на тоа дека е богато со антиоксиданти помагаат во превенција на многу болести. Калциумот го чува здравјето на забите и коските.

Докажано е дека го зголемуваат добриот холестерол, а го намалуваат лошиот холестерол и триглицериди.

На дијабетичарите им помагаат да го стабилизираат и контролираат нивото на шеќер во крвта. Чиа семето е одличен извор на растителни влакна. Ги чистат цревата и го чуваат дигестивниот систем.

Чиа семето е одличен извор на енергија и ќе ви помогне да се чувствувате добро во текот на целиот ден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e