Често се мерите? Ова се трите најчести грешки кои додаваат килограми

Откако ќе донесеме одлука дека сакаме да ги намалиме килограмите, вагата полека влегува како важен дел од нашата рутина. Без оглед на тоа дали се мериме секојдневно, еднаш неделно или секој втор – трет ден, постои можност дека погрешно го правиме тоа.

Што би можело да тргне во погрешна насока кога ќе се качиме на вагата?

Мерење навечер
Откако ќе зајде сонцето, твојот организам сѐ уште ја вари храната која сте ја изеле во текот на денот. Броевите на вагата би можеле да бидат поголеми отколку наутро кога, експертите како што кажуваат, е најдоброто време за да ја измерите тежината.

Доколку се мерите после првиот оброк, бројките би можеле да бидат и поттик за поздрав избор на храна во текот на денот.

Ја носите вообичаената облека
Жените кои се мерат на вага со облека која ја носат цел ден имаат во просек 1 килограм повеќе отколку што е нивната реална маса, покажува истражување од 2012 година. Иако, тоа не е многу, важно е да ја имате реалната слика.

Мерење после вежбање
Откако сте вложиле труд на вежбање, многу жени сакаат да се наградат со мерење на вагата мислејќи дека бројките ќе ги расположат после напорното потење во теретана. Иако, бројките ќе бидат охрабрувачки, губењето на масата од килограм или два може да се однесува само на изгубената вода.

Состојбата може да се смени следното утро, кога е подобра опција да се измерите. Експертите советуваат да се избегнува мерење после вежбање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e