Лукот најчесто се користи при готвење или како додаток во салати, а може да се комбинира со сè.
Лукот спаѓа во најздравите намирници, а во исхраната може да се користи на многу начини.
Меѓутоа, малку е познато дека од лук може да се направи чај кој го зајакнува имунитетот и го штити организмот од сите вируси.
Начин на подготовка на чајот:
Ставете две шолји вода во тенџере. Во него изрендајте 1 до 1,5 сантиметри ѓумбир и ставете 2-3 чешниња лук. Варете 5-6 минути, па оставете да се излади. Во него додадете исцеден лимон. Пијте во текот на денот.