Британско истражување: Оваа промена на кожата е прв знак дека имате дијабет

Британските доктори преку истражување кое го правеле дошле до овие резултати.

Кога телото не произведува доволно хормон инсулин се развива дијабетес тип 2.

Симптомите кои укажуваат на оваа состојба покрај другото се и: чувство на голем замор, проблеми со мочниот меур и често одење во тоалет, како и бавно заздравување на раните.

Најважно е оваа болест да ја забележите навреме за да се контролира на потребниот начин и да се спречат последиците.

Првиот симптом кој сигнализира дека на вашето тело му се заканува развој на дијабетес тип 2 се јавува на кожата, заклучиле докторите.

Тој знак многумина го игнорираат, а токму тој може значително да помогне во контролирањето на оваа состојба.

Доколку на телото почнат да се развиваат темни дамки, убаво би било да посетите доктор.

Кај 90 отсто од пациентите кои боледуваат од дијабетес забележана била промена на кожата во поглед на темни, црвени до темно-црвени дамки кои чешаат и иритираат.

„Тоа во поголем дел од случаите е прв знак за дијабетес. Вообичаено се појавува на делови од телото како што се пазувите, препоните, меѓу рацете на прстите или нозете, но може да се појават и на вратот. Доколку забележите таква промена на кожата која трае со денови, убаво би било да посетите доктор и да се консултирате со него“, вели доктор Мајк за „diabetes.co.uk“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e