Британски доктор ја откри идеалната формула за добар сон

Британскиот лекар, Раџ Каран во видео објавено на социјалната мрежа Тик-Ток ја откри идеалната формула за брзо заспивање – 10-3-2-1.
Се работи за траен став кон спиењето, а не само за краткорочни ефекти.

Тој советува да не се пие кафе 10 часа пред спиење, и според него ова е времето потребно за телото целосно да го неутрализира кофеинот.

Доколку пиеме кафе пред спиење, влијанијата на напитокот ќе продолжат и тоа ќе го попречи заспивањето, а добро е и да вечераме најмалку три часа пред спиење.

Ова ќе помогне да се смират киселините во стомакот.

Два часа пред спиење треба да завршиме со работа и да се опуштиме и, на крај – еден час пред одење в кревет да ги исклучиме компјутерот, мобилниот телефон и секоја друга електроника. Според стручното објаснување, светлото од екраните го потиснува ослободувањето на хормонот за спиење, мелатонин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e