Блескава и затегната кожа: Тајната на совршениот тен на Азијките се крие во една намирница

Азијките важат за жени кои исклучително ги почитуваат своите ритуали поврзани со негата на кожа, но една работа во нивните рутини за убавина опстојува и веќе со векови е незаменлива – оризовата вода.

Оризот е намирница која широко се користи во исхраната на луѓето, но неговите благотворни дејства на кожата долго време биле ексклузивитет само за жените од тоа подрачје.

Но, зошто водата од ориз е толку добра за кожата? Таа го избелува и изедначува тенот, ги намалува проширените пори, го забавува стареењето на кожата, ги отстранува флеките од сонце и лузните, ја омекнува кожата, ја хидрира и ја прави поотпорна.

Освен за кожата на лицето, оризовата вода е многу корисна и за кожата на телото, главата и за косата.

Оризовата вода се прави на следниот начин: ставете ориз во еден сад и полејте го со вода во однос 1/3 (ориз 1, вода 3). Варете го на тивок оган половина час, а потоа оставете да се излади и процедете ја водата која преостанала во садот.

Натопете неколку туфери во оризовата вода и распоредете ги по сите делови на лицето (можете да ставите неколку и на вратот) и оставете да отстојат половина час. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Третманот може да го практикувате еднаш неделно, а вашата кожа ќе биде поблескава, позатегната и поздрава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e