Во морето совети за убавина кои секојдневно ни се „сервираат“, како да знаеме кои се веродостојни, а на кои треба само да „одмавнеме“ со раката?
Дали сте прочитале дека е препорачано да се масира косата со сирово јајце и дека притоа биле добиени катастрофални резултати? Некој ви кажал дека можете да ги елиминирате испуканите врвови од косата со скапи масла, но очигледно ништо освен шишањето не функционира?
Ние, како и вие, бевме потполно збунети што е штетно, а што е корисно за нега на кожата и косата, па одлучивме да ги сумираме најголемите митови за убавина и да ви објасниме зошто немаат ефект.
Секој ден треба да правите пилинг
Зошто не: Во војната против мртвите клетки на кожата, пилингот навистина е моќно оружје, но не доколку се користи секојдневно – бидејќи со такво темпо може да предизвика иритација на кожата пред да зацели горниот слој, па така ќе го спречи лачењето на природните маснотии. Пилинг треба да се нанесува 2-3 пати неделно во зависност од чувствителноста на вашата кожа.
Секојдневно нанесување на шминка е многу штетно
Зошто не: Доколку се грижиме за нашата кожа на правилен начин, без да прескокнуваме чекори од планираната рутина за убавина, под услов секогаш да ја отстрануваме шминката пред спиење и редовно да ги чистиме четките и сунѓерчињата за нанесување мејкап, секојдневното шминкање е сосема во ред.
Можете да употребите лак за коса како би ја фиксирале шминката
Зошто не: Лакот за коса се нарекува лак за коса со причина, и иако може да биде многу ефикасен на вашата коса, никогаш не прскајте го на кожата бидејќи обилува со штетни состојки кои ја стареат и сушат вашата кожа и оставаат непријатно чувство на лепливост.
Колку е поголем факторот против штетните сончеви зраци, толку е подобра заштитата
Зошто не: Заштитниот фактор се однесува на заштита од УБВ радијацијата кога е главната причина за кожни болести и изгореници, но треба да се земе предвид и заштитата од УВА зрачењето кое предизвикува забрзано стареење на кожата. Кога купувате заштитна крема, проверете дали делува против двата вида на зрачење.
Со нанесување на висок фактор, луѓето честопати се опуштаат и поминуваат многу време на директна сончева светлина и прескокнуваат повторно да нанесат, што потоа е контрапродуктивно бидејќи УВА зраците се многу штетни.
Основниот тен ќе спречи изгореници
Зошто не: Дерматолозите никогаш не успеваат да објаснат од каде потекнува оваа ваша луда идеја, но запомнете еднаш засекогаш – единственото нешто што ќе спречи изгореници е нанесувањето квалитетна крема неколку пати на ден.
Редовното кратење на косата поттикнува побрз раст
Зошто не: Редовното кратење на оштетените врвови несомнено ќе го подобри здравјето на вашата коса, но тоа нема да има никакво влијание на брзината на растот на косата, бидејќи тоа го регулираат фоликулите на скалпот.
Пастата за заби е инстант лек за мозолчињата
Зошто не: И додека пастата за заби успешно ќе ги исуши мозолчињата, постојат низа на штетни состојки кои делуваат против бактериите во устата, но не и против оние на кожата, напротив, нанесувањето паста за заби на кожата на лицето може да предизвика дерматитис и други проблеми со кожата, вклучително токму мозолчињата.
Пожелно е често менување на производите за нега на кожата
Зошто не: Кожата сака конзистентност и ако добро реагира на рутината за убавина која ја применувате, нема потреба да менувате ништо.
Најдобар начин да добиете доволно количество на витамин Д е да бидете изложени на сонце
Зошто не: Витаминот Д треба да се внесува во организмот прво преку храната, на пример преку млечни производи и риба. Потоа преку суплементи, а на крај, секако, и со умерено изложување на сонце.
Доколку имате мрсна коса, немојте да нанесувате регенератор
Зошто не: Регенераторот нема докажана врска со маснотијата на косата, доколку го користите на правилен начин. Не го нанесувајте на темето, туку исклучиво на врвовите и не претерувајте со количината.