Мајчинството ги старее „женските“ клетки за 11 години

Неоспорно е дека мајчинството го менува мозокот, но и телото на жените. Тоа го покажуваат низа истражувања меѓу кои и последното на експертите од Универзитетот George Mason University кои испитувале повеќе од 2 000 жени во репродуктивниот период.

Истражувањето покажало дека кај повеќето жени кои станале мајки медицинските показатели покажале помала способност на клетките за обнова, односно за делба поради што мајките биле изложени на зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, рак, како и намалување на когнитивните функции.

Имено, кај жените со барем едно дете за  4.2% биле пократки биомаркерите кои ја мереле староста за разлика од нивните врснички кои немале деца. Тоа било еквивалент на речиси 11 години од животот. Колку повеќе деца имале испитаничките толку биомаркерите биле пократки, а експертите заклучиле дека мајчинството се покажало повлијателно на стареењето на организмот дури и од пушењето и дебелеењето.

Научиниците нагласуваат дека во случајот не смее да се говори за директна причинско-последична врска туку само за корелација. Освен тоа постојат многу други испитувања според кои, напротив, мајките кои имаат живи деца имаат подолги биомаркери што значи и потенцијал за подолг живот.

Има научници кои се спротивставиа на ова истражување потенцирајќи дека 11 години се многу, туку станува збор за 3-5 години подолг или пократок живот поради раѓањето. Ова не е причина за откажување од најблагородната улуга – мајчинството, порачуваат експертите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e