А зошто да не: градски референдум за „Универзална сала“?

Јавната дебата за судбината на „Универзалната сала“ во Скопје се води на вистински начин: аргументите и размислите за начинот на кој ќе се редефинира изгледот, капацитетот, содржината и локацијата на ова градско здание со импресивна културна историја добро се изложуваат од сите спротивставени страни, без разлика и на цинизмот и на политичката нетрпеливост што лесно може да се детектираат во некои од ставовите. Па, и тоа е нормално.

И јас, како и илјадници други скопјани, а и граѓани од другите градови на Македонија, ја чувствувам „Универзална“ како дел од моето лично културно искуство, како формативно место за еден важен дел од мојот светоглед, не само во областа на изведувачките уметности и културата. Бидејќи живеам на некои 200-300 метри од салата, и денеска, кога тоа тажно и градежно потрошено здание стои како скелет на некој урбан и одамна мртов диносаурус, секојдневно се меткам низ околните кафулиња („Броз“, „Че“, „Белиер“…) и безобразно се гојам во „Силбо“ и „Апче“ (ах!!!), лесно закажувајќи средби и состаноци „кај Универзална“.

Бидејќи, „Универзална сала“, со години распадната каква што е, го потврдува правилото дека и во политиката постои граница до која можете некого нешто да го научите; но, не постои лимит до кој можете да го инспирирате – решението за „Универзална“ мора да биде исто толку практично, колку и инспиративно.

Велам, насоката на таа „инспирација“ може да се провери на еден убав, градски референдум. На „Универзална сала“ ѝ доликува една таква „демократска вежба“.

Целата колумна на Сашо Орданоски за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e