Помирувањето ќе биде потврдено кога бандата, заедно со организаторите, ќе заврши во затвор

Во суштина, реакцијата на дел од обвинетите и на вмро-дпмне, е исправна, тие, велат, бараат правда, а не амнестија. Макар што никој не им понуди амнестија, туку простување и помирување.
Уф, јеботе, си реков, па ова е како да се слушам себе си!
Помирување во правдата, тоа и само тоа е спасот за Македонија. На тој начин можеме да имаме и правда и помирување. Две во едно, што би рекле во “Нестле”.

На еден апсурден начин, со одбивањето на иницијативата на Заев, помирувањето е остварено во принцип, а ќе биде потврдено кога бандата, заедно со организаторите и нарачателите, ќе заврши в затвор. Долги, многу долги години, низ кои ќе може да се теши со своите интериретации и на чинот што го остварија на 27 април.
Инаку, јас сметам дека иницијативата на премиерот е велелепен и велемајсторски политички чин, принципилено издржан затоа што е во најтесна комуникација и хармонија со историскиот момент и со проблемите што мораат да се решаваат, а во конкретна смисла е многу интересна опција за обезбедување на двотретинско мнозинство и преку раководството на опозицијата и преку интерполација на личните интереси на дел од пратениците. Се разбира дека е сврзан и со негативни реакции, но ако луѓето сфатат дека со бродот мора да се маневрира за да се протне меѓу сцилите харибдите на невремето, ќе увидат дека понудата не е изневерување на идеалите за правдата, туку е обид да се обезбедат услови за правдата. Со одредени жртви, се разбира. Подобро е тоа што е содржано во иницијативата како лошо, отколку изгледите да се загуби комплетното поле на правдата, самата идеја на правдата. Конечно, одбивањето не ја засилува позицијата на опозицијата туку ја кафанизира, ја стриптизира како мафиотска, криминална, злосторничка.

Бранко Тричковски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e