Николовски и Јанушев не зборуваат на ист јазик?!

Николовски и Јанушев се класичен пример како изгледа борба кога еден наспроти друг ќе се најдат два екстрема, два неспоредливи концепта, две дијаметрално спротивни карактера. Контрастот е видлив, а граѓаните имаат и не толку комплицирана задача да изберат помеѓу белото и црното.

И двајцата имаа свои “5 минути”  во политиката и двајцата јасно покажаа кој кон какви идеали се стреми.

  • Николовски доживотно ќе носи лузна на главата и горчливи сеќавања од “крвавиот четврток”, Јанушев цела кампања ја истера кукајќи над судбината на “неправедно осудените патриоти”. Николовски никогаш нема да може да ги потисне стресот и бесот од меморијата од тој крвав ден, Јанушев ќе бара да се ревидираат пресудите на извршителите кои ладнокрвно влегоа во Собрание да убиваат.
  • Кога стапи на функција министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Николовски во рацете доби “жежок костен” да стави крај на криминалите, уцените, репресијата врз земјоделците и да се обиде повторно да го врати достоинството и изгубената доверба на овие луѓе во системот. Резултатите од оваа исклучително тешка задача беа и повеќе од солидни. Јанушев своите “5 минути” во политиката ги потроши на сомнителни и коруптивни зделки и набавки.
  • Николовски е лидер. Како генерален секретар на партијата, го врати редот, дисциплината, почитувањето на нормите. Почна прво од себе и од матичната партија за да стане модел и пример за сите. Јанушев е препознатлив по својата послушност и сервилност кон најгоемите режимски играчи, слаб лидер, добар оперативец и извршител.
  • Додека Николовски гласно и отворено се залагаше за родова еднаквост, а како круна на тоа се машко-женско коносителства во сите изборни единици на коалицијата предводена од СДСМ, слушнавме дека Јанушев без око да му трепне се заканувал на свои колешки со боксови и други вулгарни пцовки.
  • Николовски секогаш и во сите прилики е одмерен, отворен и искрен во изјавите, Јанушев е движечка ароганција, секогаш спремен за напад, дрзок кон секој кој во моментов му изгледа како закана, од политички опоненти, па сè до новнинари.
  • Николовски е пацифист и промотор на европски вредности, Јанушев е скриен насилник кој се чини не бира ниту зборови, ниту методи кои во дадени прилики кулминираат и до закани по животот.
  • Додека Николовски беше на првата борбена линија во стремежот да се раскрсти со режимот и да се врати демократијата, Јанушев “најдемократски” исклучувал лифтови за да не можат луѓето да излегуваат на гласање.
  • Додека Николовски последниве три години промовира политики за подобрување на животниот стандард и враќање на повеќе пари кај обичните граѓани, Јанушев ќе остане запаметен како учесник во бесмислениот проект за “Панорамско тркало” од 18 милиони евра.
  • Николовски e неизвалкан, со биографија чиста како солза, Јанушев како докажан лојален кадар на Јанакиески и Груевски никако не може да биде на иста страна со народот. Народот и режимот ама баш никако не одат на иста страна.
  • Николовски потекнува од истокот, си го сака родниот крај, и покрај работните обврски секоја прилика ја користи за да биде меѓу својот народ и народот тоа го знае и препознава. Јанушев неколку пати во кампањата изјави дека заради професионални ангажмани немал веќе често прилика да биде во родниот Велес. Прашањето е ако нема време за родниот град, што да очекуваме тогаш за останатите делови од изборната единица 3.

Само чист, неизвалкан човек со искрена желба може да направи промена во државава, репресорот никогаш не може да влезе во улога на спасител, никогаш!

На Македонија ѝ требаат повеќе лидери, повеќе луѓе како Николовски кои ќе ја влечат земјата напред.

Извршители за ситни лични интереси имало во секое време и ќе има на претек.

Тие што се раѓаат како лидери се ретки.

Анализата е во целост преземена од Граѓански збор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e