Меѓу апетитите, уцените и европскиот пат

Проблемот во македонската политика е тоа што цената за учество во коалициона влада секогаш е превисока. Сите имаат подолга листа со барања отколку што им е долга листата со ветувања дека ќе работат вредно, чесно и професионално, за доброто на државата. Така, пратеничките мандати стануваат бројки, односно адути за трговија и, простете, уцена.

Влегуваме во десетдневен период на интензивни преговори за составување на влада. Време на полувистини, шпекулации, анализи и квази анализи… Што е неопходно да знаеме? Основно е да поставиме сопствен систем за навигација низ политичкиот лавиринт, да не им веруваме слепо на оние што сакаат само да ги потврдат нашите предрасуди и што сакаат да нè одржат во состојба на страв и неизвесност. Да го извлечеме најдоброто од ситуацијата во која се наоѓаме, кога едни сакаат да ја туркаат евроатлантската агенда, други работат на спас од правдата, а трети (најмногубројни се) гледаат да зафатат што е можно подобри позиции во системот за да (продолжат да) го цицаат и понатаму.

Сите сме читале брифинзи за тоа како течат преговорите на политичките партии за состав на влада, за надминување кризни состојби, за закони со кои (не) може да се спроведат реформи или да се донесе правда и за други важни теми. Има официјални, но уште повеќе неофицијални брифинзи, а некои ги измислуваат самите новинари, за да го привлечат вниманието на публиката и да испадне дека, ете, и тие имаат извори во (полу) затворените политички кругови. Често знаеме и погрешно да протолкуваме, па со тоа за момент и да ја поматиме сликата за тоа што навистина се случува. Нè очекува извонредно динамичен период исполнет со вообичаениот балкански медиумско-политички фолклор, што нема да помине и без цунами од лажни вести, дезинформации и говор на омраза, уште на првиот ден од преговорите за формирање влада.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e