Кој и зошто го урива Заев?

Меѓупартското пазарење по изборите за состав на коалициона влада и избор на премиер, според првите сигнали, оди во правец да се елиминира Зоран Заев да не биде претседател на владата и да се обезвредни кревката, но значајна победа на СДСМ – БЕСА. Ова го напишав за „Дојче веле“ на македонски јазик неколку дена по парламентарните избори. Денес по неполн месец, само на три дена пред истекот на рокот за формирање на коалиција која ќе има мнозинство во парламентот, партиското пазарење за уривање на Заев од позицијата мандатар на идната влада се уште се одвива со уцени и силни притисоци и од евентуалните идни партнери за состав на владата и од опозицијата.

Ако е тоа сосема разбирливо за опозицијата, несфатливо е за победниците и довчерашни партнери и за политичките партии кои имаат исти програмски определби за иднината на Македонија, а одбиваат да бидат на одговорни позиции за остварување на тие процеси.

Зошто е толку опасен Зоран Заев за ДУИ и за Али Ахмети, но и за албанските опозициски партии, ако е познат неговиот учинок и за меѓуетничките односи во земјата и за односите со соседите и за евроатланските интеграции? Стратегиските определби на албанските политички партии и нивните гласачи кои се идентични со определбите на СДСМ и нејзините коалициони партнери се повеќе се разоткриваат како лицемерие и споредна работа во споредба со максималистичките инсистирања на ДУИ и натаму упорно по изборите за Албанец премиер со 15 места во Собранието. Тоа е директен атак против Зоран Заев, демек може коалиција со СДСМ, ама со премиер Насер Зибери.

Скриени мотиви

Пред јавноста се уште како примарна и најзначајна определба се нагласува заедничкиот именител на партиските програми за кој нема никакви спорни точки и пречки.

Тоа се: борбата со пандемијата како главен приоритет за здравствената заштита на граѓаните, економската стабилизација на земјата, владеење на правото и пресметка со организираниот криминал и корупцијата во високите ешалони на власта и моќта, целосна поддршка на Преспанскиот Договор со Грција, Договорот за добрососедство со Бугарија, Охридскиот договор, преговорите со ЕУ и значајните реформи кои произлегуваат од бриселските поглавја кои водат во европското семејство со рамноправно членство.

Се разбира, тука значајно место зазема веќе добиеното членство во НАТО врз основа на веќе постигнати резулати во изминатите три години и натамошно забрзување на демократските процеси кои водат кон реализација на најзначајната придобивка на Македонија како едно општество, односно една држава за сите без оглед на националната, верската, јазичната и политичката припадност.

Да, тоа се цврстите програмски и политички заложби пред јавноста за кои нема дилеми дека наидуваат на мнозинска поддршка. Каде е тогаш скриената пречка која им оневозможува на политичките партии и лидери кои ги поддржуваат јавно овие стратегиски државни интереси брзо да се договорат со победникот за формирање на стабилна влада која во наредните четири години ќе работи на нивно остварување и ќе ја докаже оправданоста на сите остапки и жртви што се направени со потпишувањето на Договорот со Грција и на Договорот за добрососедство со Бугарија и на законот за проширување на употребата на албанскиот јазик, три клучни и тешки компромиси кои не беа можни без голема храброст, со најголема одговорност на премиерот Зоран Заев, владата и парламентот во минатиот состав кои се најсилниот темел за успешна работа на идната влада.

Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче веле на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e