Кога можат воловите, можеме и ние

Истите луѓе, припадници на различните генерации израснати во духот на еднаквоста меѓу сите луѓе, сега живеат живот во кој им посакуваат добредојде на пораките и идеите за поделби, одмазда и терор во своите глави. Историските факти станаа лаги на „мрачните заговорници“, а митовите и легендите за некои други ликови, искривени до непрепознатливост, станаа „новата вистинска вистина“.

„Оние што може да ве убедат во апсурди, можат да ве убедат да извршите ѕверства“, напиша Волтер во своите „Писма за чудата“ во 1765 година. Два и пол века подоцна, неговите зборови одекнуваат со застрашувачка актуелност.

Отидовме многу далеку. Живееме со луѓе кои не гледаат ништо лошо во масакрите, погубувањето на политичките неистомисленици и етничкото чистење. Некои од нив тоа и отворено го пишуваат и кажуваат. Некои стануваат пратеници и функционери со крвавата наметка на злосторствата против човештвото на своите рамена.

Со генерации наназад, ги учевме историските факти, благо помешани со митовите и легендите (како и секаде низ светот), за луѓе кои верувале во слободата и еднаквоста на сите луѓе, во нивното заедништво. Од мали нозе учевме за тоа дека вреди дури и да се умре за слободата на сите луѓе, без оглед на нивната припадност. Тоа време, тие сништа и борби, тие крвопролевања, сето тоа можевме да го оставиме во минатото, во книгите со историски факти, проткаени и со по некоја не сосема вистинита легенда… И немаше потреба (никој да нè тера) да умреме за слобода, туку доволно беше само да живееме во неа и меѓусебно да се почитуваме.

Целата колумна на Џабир Дерала за Цивил Медиа на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e