Демократија или диктатура, за што сме?!

Никогаш ВМРО-ДПМНЕ немал политички проект за ослободување на човекот и негова еманципација. Тие (читај, опозицијата!) единствено нешто кое го знаат во политичкото поле е по цел ден совршено глупаво да повторуваат досадни флоскули: „Ние сме Македонци, ние сме Македонци, ние сме Македоници“. Црвен бан се Македонци! Човек што секоја ден во животот – и во политика – гради стратегии „јас сум Македонец“, таквиот најчесто врска нема што е, а најчесто и нема.

Не ми се допаѓа, почитувани читатели, кога некој човек од опозицијата ќе ми пријде, а ми приоаѓаат луѓе во последно време многу често (којзнае зошто е тоа така?), и ќе ми рече: „зошто веднаш и ‘на прва’ пукаш во опозицискиот табор“? За да не влегувам во полемики и дебати „во од“, дозволете ми да се распостелам со некои аргументации за кои верувам дека ќе бидат соодветни.

Да се биде денес во оваа земја опозиција не е никаков вредносен суд. Кога некој ќе рече „јас сум опозиционер“, тоа априори не значи ништо; тоа не значи дека си добар, паметен, способен. Може опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ да биде против Заев, може да биде против СДСМ, ама не може и не смее да биде против државата. Што значи, не може, а да не ги поддржува договорите од Преспа и Бугарија, не може а да не го поддржува НАТО. Во тие договори, нашата држава е конституирана, во тие темели се наоѓа конститутивноста на државата – се разбира дека тука е и Уставот – но, сепак, не можете вие на решени билатерални договори да изигрувате шерифи и мудреци. Тие договори мораше опозицијата да ги поддржи и затоа денес е нерелевантна во политичкото поле.

Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Слободен печат на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e