Францускиот ас, Зинедин Зидан неочекувано ја заврши својата приказна со Реал Мадрид и тоа веднаш по освојувањето на третата титула во низа во Лигата на шампионите.
Оваа одлука на Зизу сите ги изненади, па сега и Реал е во незавидна ситуација затоа што ќе мора да одбере стратег кој ќе биде по нивна мерка, стратег кој во овој момент тешко се наоѓа и интересно ќе биде да се види за каков потег ќе се одлучи Флорентино Перез.
Од друга страна пак Зидан ги полни батериите, се одмара и воопшто не размислува за својата иднина. Најдобар доказ за тоа е неговата изјава дадена на еден промотивен настан во Париз:
-Се одмарам и не знам што ќе направам. Најважна е одлуката која ја донесов. Ќе видиме што ќе се случи, -порача доскорешниот предводник на „кралевите“.