Зидан во свој стил му возврати на Роналдо за најголемиот комплимент

Легендарниот Луис Назарио Де Лима Роналдо беше доста актуелен во изминативе 24 часа поради обраќањето кое го имаше во емисијата на „Мовистар +“, преку кое покрај тоа што успеа да ги испровоцира фановите на Барселона, испрати и позитивни коментари за Зинедин Зидан кого го окарактеризира како најдобар играч со кого играл во кариерата.

Ваквата констатација на неповторливиот бразилски напаѓач стана тема на разговор и на денешната прес-конференција која ја одржа тренерот на Реал, кој пак во голем стил му возврати на Роналдо за пофалбите кои пристигнаа од негова страна.

– Навистина многу го почитувам и го сакам Роналдо, тој е најверојатно најдобриот играч со кого сум играл во кариерата. Премногу го почитувам, ја имав среќата на целиот свет да играм покрај него во еден тим. Многу го почитував и кога ми беше противник на теренот и потоа кога го имав покрај мене во голем клуб како Реал. Нема ништо подобро од тоа да играте со најдобриот, – истакнал Зидан на прес-конференцијата по повод првенствениот натпревар во Примера меѓу Алавес и Реал кој е на програмата утре од 16:15 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e