Реал Мадрид не успеа да го совлада Лас Палмас на вчерашното гостување во Гран Канарија, но сепак овој натпревар најмногу ќе се памети по нервозната реакција на Кристијано Роналдо кој не беше воопшто импресиониран кога беше повлечен од игра на 20 минути пред крајот.
Зинедин Зидан одлучи да го повлече својот најдобар играч кој до тој момент пропушти неколку шанси за гол, но тоа воопшто не му се допадна на Португалецот кој покрај нервозните гестикулации, едноставно не го ни погледна својот тренер кога му го отстапи своето место на Лукас Васкез.
Ваквата негова реакција секако стана тема број еден во Шпанија, а на истата свој одговор мораше да даде и Зидан кој проба да ја објасни својата одлука, но и да ја смири топката.
– Имаме нов натпревар во вторник и мислам дека беше вистинскиот момент да го извадам мислејќи на тоа. Тој секогаш сака да игра, но јас сум тренер и мора да размислувам за него и неговото здравје. Најдобро беше да одмори и да мисли на натпреварот кој не чека во вторник, – изјавил Зидан по мечот, не заборавајќи да потсети дека Роналдо до пред десетина дена беше надвор од фудбалските терени повеќе од два месеци.
Извор: Дерби
За поврзани вести продолжете надолу