Бразилскиот фудбалер Винисиус не е во комбинација за утрешниот натпревар на Реал Мадрид против Леганес во шпанското првенство. Наместо да биде на терен, средбата ќе ја гледа од трибините.
Освен младиот Бразилец, во тимот на Реал М. ќе ги нема и Герет Бејл кој има повреда и замина во Лондон и Хамес Родригес кој стана татко и доби дозвола да замине во родната Колумбија.
Добри вести за Реал М. се враќањата на Модриќ, Крос и Лукас Васкез, а меѓу отпишаните се и Одраизола, Брахим Дијаз и Маријано, како и повредените Начо и Асенсио.