Жиру ќе го напушти Челзи во јануари

Челзи планира да се раздели со Оливие Жиру во јануари, и покрај фактот дека не може да привлече нови играчи поради трансфер ембаргото.

Во саботата, Жиру го имаше својот прв настап во почетниот состав на Челзи од 18 август.

Тој ја доби шансата благодарение на повредата на Тами Абрахам, кој е водечки офанзивен играч на тимот оваа сезона. Со 33-годишниот Жиру во составот, Сините загубија од Вест Хем со 0:1, а Французинот не настапи добро, играјќи со топката вкупно 21 пати, вклучително и само три во шеснаесетникот.

Со оглед на тоа што неговиот договор истекува на крајот на сезоната, Челзи е принуден да го продаде играчот во јануари. Така е и желбата на самиот Жиру, кој се надева дека ќе игра на Европското првенство следната година.

Френк Лампард не е загрижен дека ќе остане само со Миша Батшуаи како заменик на Абрахам, бидејќи може да го пушти и Кристијан Пулишиќ во нападот.

Челзи го привлече Жиру во 2018 година од Арсенал за 18 милиони фунти. Оттогаш, Французинот има постигнато само 5 гола на 45 натпревари во Премиер лигата, но придонесе многу за ланската победа во Лига Европа, запишувајќи се 11 пати на турнирот, вклучително и во финалето против неговиот поранешен клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e