Започна аплицирањето за суперкупот во Скопје. Еве како до билети

Од денеска па до 4 Јули македонските љубители на добриот и квалитетен фудбал ќе имаат можност да аплицираат за најголемото спортско збиднување кое е на праг да се случи во Македонија, Европскиот супер куп, каде силите ќе ги одмерат победникот на Лига на Шампиони, Реал Мадрид и победникот на Лига Европа .

За да бидете во игра за еден од добитниците кои ќе имаат шанса во живо од националната арена Филип втори македонски да го следат натпреварот, прво на следниот линк треба да се регистрирате, односно да направите кориснички профил преку кој ќе аплицирате за билет. Едно лице може да аплицира за најмногу 4 билета.

По завршувањето на периодот за аплицирање (4 Јули) ќе има извлекување и оние кои ќе бидат извлечени ќе им биде побарано да извршат уплата за билетот или билетите. Терминот на извлекување сеуште не е познат, меѓутоа во секој случај ќе бидете известени на е маил адресата која ќе треба да ја ставите при аплицирањето.

Цените за натпреварот се движат  помеѓу 15 и 50 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e