Захариевски: 20 години сум низ судските лавиринти за тужба од 400.000 евра

При вчерашното гостување во спортска емисија на МРТ 1, нашиот поранешен репрезентативец и фудбалски тренер, Срѓан Захариевски, коментирајки ја состојбата во македонскиот фудбал, преку свој личен пример, обзнани една болна вистина низ која се соочуваат македонските фудбалери во годините наназад.

-20 години низ судските лавиринти се борам со човек кој можеби има големо влијание и можеби бил дел од власта, не сакам да навлегувам во тоа, но за ова ќе треба повеќе простор, време и правник за да видите како внатре се кршат законите, како се прави се`за да не се исплатат тие пари. Не се работи за 10/20.000 евра туку за 400.000 евра и не се две/три години туку 20 години поминати низ судовите.

Имено, Захариевски во далечната 1998г од тогашниот првак на Македонија, кратовски Силекс премина во германскиот прволигаш Штутгарт за сума од 1,3 милиони марки, што најверојатно е причина за посочениот спор. А, за моќникот кој е спомнат можеби се мисли на Љубисав Иванов-Ѕинго?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e