Коби Брајант, еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, загина во хеликоптерска несреќа во Лос Анџелес, потврди „Лос Анџелес Тајмс“. В
о несреќата, покрај 41-годишниот Брајант, загинаа уште четворица кои биле дел од екипажот. Со сопругата Ванеса има четири ќерки и се верува дека семејството не било со него во хеликоптерот.
Брајант, кој се пензионираше во 2016, ја помина целата 20-годишна кариера во Лос Анџелес Лејкерс и освои пет шампионски титули во НБА.
Со американската репрезентација освои златен медал на Олимпијадите во Пекинг (2008) и во Лондон (2012).