За секој неуспех на Мурињо, криви му се секогаш судиите!

“Фаулот беше повеќе од очигледен. Точно дека се` практично зависи од нас, кога зборуваме за нашите индивидуални грешки, но и грешките кои ги правиме како тим. Но, ние не можеме да влијаеме врз одлуките на судиите и нивните грешки.”

Кога ситуацијата на теренот e поволна не се слуша ниту збор, но кога ќе се изгуби – виновници се единствено судиите.

Се чини дека само со вакви размислувања се води Жозе Мурињо кога неговиот тим не успее да освои барем еден бод, а изгледа дека со ваквите ставови португалецот само сака да ја нервира јавноста и затоа веќе никој не го сфаќа за озбилно.

Манчестер Јунајтед веќе осум дена се наоѓа во бездна од каде никако не успева да излезе, но по последниот неуспех и лекциите кои ѓаволите ги добија од Ватфорд Мурињо ја пушти старата плоча и за дебаклот го обвини Мајкл Оливер. Сепак, само делумно призна дека неговиот штитеник можеше да игра подобро.

Сите оние кои ги држи памтењето може да се потсетат како Мурињо работеше минатата сезона, кога беше на клупата на Челзи. И тогаш португалецот повеќе внимание посветуваше на приказните за судиите, наспроти реалната ситуација во тимот.

А сегашната состојба е таква што Мурињо полека ја губи контролата.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e