Угледниот мадридски весник „Марка“ беше доста критичен кон Реал Мадрид. Шпанците ги идентификуваат парите дадени од „Кралскиот клуб“ летово за нови аквизиции како „фрлени“ и обрнуваат внимание на секоја од новите одделно.
„Клубот фрли 300 милиони евра за нови набавки, но никој од нив не ги заслужи дадените пари. Зинедин Зидан исто така претпочита да користи познати имиња наместо нови лица“.
Еве што сподели весникот за секој од нив
Еден Азар (100 милиони евра) – „Белгиецот пристига во „Сантијаго Бернабеу“, како нов „галактико“. Тој постигна еднаш досега (против Гранада), но клубот, тренерот и приврзаниците очекуваат многу повеќе од него.
Лука Јовиќ (60 милиони евра) – Досега е разочарувачки додаток. Јовиќ има одиграно 8 натпревари, од кои 3 се како носител, но тој сè уште не успеа да се запише. Тој има 21 година, млад е, но некои веќе ги доведуваат во прашање неговите квалитети .
Едер Милитао (50 милиони евра) – Тој исто така има 21 година и е пополнување за иднината. Единствениот проблем е што Серхио Рамос и Рафаел Варан имаат силно партнерство во срцето на одбраната.
Ферлан Менди (48 милиони евра) – Тој го смени Марсело за стартната позиција, но долго време пропушти поради повреда. Тој досега играше 3 пати.