(ВИДЕО)Манчестер Сити ја победи Барселона, Гвардиола им се одмазди на „своите“

Манчестер Сити ја победи Барселона со 3-1 во дербито на колото од Лигата на шампионите, Арсенал со гол во финишот победи на гостувањето кај Лудогорец.

По тешкиот пораз на Камп Ноу од 4-0, Манчестер Сити одигра одличен натпревар на свое тло и со 3-1 ја совлада Барселона. Двете екипи покажаа допадлив фудбал, со шанси и на двете страни по крајот на мечот домаќините се радуваа.

Натпреварот почна одлично за Барселона, по една одлична акција во 21. минута, Нејмар асистираше до Меси кој погоди за водство од 1-0. Пред крајот на првиот дел убава кација и од Манчестер Сити која ја круниса Гундоган по асистенција од Стерлинг.

На почетокот од второто полувреме Де Брујн постигна прекрасен гол од слободен удар за комплетен пресврт и водство на Манчестер Сити од 2-1. Конечните 3-1 ги поставу Гундоган во 74. минута по една чудна асистенција од Агуеро.

Интересно беше во Бугарија каде Арсенал го победи Лудогорец со 3-2. Бугарскиот тим имаше предност од 2-0, но на крајот загуби.

Натпреварот почна како од соништата за Лудогорец, со голови на Кафу и Касеру поведоа со 2-0. Но Џака и Жиру успеаа да израмнат до крајот на првиот дел. 2-2 беше актуелен резултат до 88. минута кога Озил погоди за победа на топчиите.

Гостинска победа во самиот финиш оствари и ПСЖ кој со 2-1 го совлада Базел, со истиот резултат победи и Баерн Минхен во Ајндховен против ПСВ.

Атлетико Мадрид со гол на Гризман во 94. минута со 2-1 го совлада Ростов, Менхенгладбах и Селтик одиграа нерешено 1-1, а Бенфика со 1-0 го совлада Динамо Киев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e