По Реал Mадрид кој одигра само 1:1 со Елбар на домашен терен, киксна и Барселона и не успеа да се искачи на врвот на табелата, каталонскиот тим со 4-3 загуби на гостувањето кај за нив секогаш незгодната Селта.
Дожд од голови и победа на Селта од 4-3 против Барселона. Овој тим уште еднаш се покажува како незгоден противник за Каталонците.
Селта одигра страшно прво полувреме по кое имаше убедлива предност од 3-0.
Систо во 22. минута го отвори натпреварот, а девет минути подоцна Аспас зголеми на 2-0. Во 33. минута Матеу си постигна автогол.
Но, Барселона се врати во игра, со гол на Пике и на Нејмар од пенал, дојде до негатива од 3-2 и напаѓаше за изедначување.
Додека напаѓачите се бореа за трет гол, голманот Тер Штеген направи огромен кикс во 77. минута, погрешно ја додаде топката која заврши во Хернандез за погодок и водство на Селта од 4-2.
Во 87. минута Пике постигнува нов гол за Барселона за 4-3, но гостите не успеаа да се спасат и од пораз, тоа беше конечниот резултат.
По седум одиграни кола Атлетико Мадрид е прв со 15 бодови исто колку и Реал Мадрид кој има послаба гол разлика. Трета е Севиља со 14, Барселона и Виљареал имаат по 13.
За поврзани вести продолжете надолу